Херн: Џошуа во следната борба најверојатно ќе се бори со Поветкин или со Вајлдер

ВБА побара Ентони Џошу во следната борба да ја брани титулата против задолжителниот предизвикувач Александар Поветкин.

„ВБА вчера побара AЏ во следната борба во задолжителента одбрана на титулата да се бори со Поветкин“, рече промоторот светски шампион во тешка категорија Еди Херн.

„Имаме рок од 30 дена за преговори и во моментов тоа значи дека следната борба на Ентони веројатно ќе биде против Вајлдер или Поветкин“.

Според прописите, борбата мора да се случи во следните 150 дена.

Џошуа со победата против Џозеф Паркер на своите ВБА, ИБФ и ИБО титули ја додаде и на ВБО. Во случај Џошуа да договори борба со првакот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, нивниот меч ќе има предност, бидејќи борбата за обединување на титулата има предност во однос на задолжителната одбрана.

Поветкин (34-1, 24 КО) на истиот настан во Кардиф го нокаутира Дејвид Прајс. Единствениот пораз во кариерата го доживеа со едногласна одлука од Владимир Кличко во 2013 година, кога како регуларен ВБА шампион се бореше со ВБА Супер, ИБФ, ВБО и ИБО првакот.

38-годишниот Русин така повтоирно се врати меѓу предизвикувачи за титулата во тешка категорија откако пред две години падна на допинг тетсовите во пресрет на битките со Дионтеј Вајлдер и Бирмејн Стиворн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО