Забележителен успех Бучим Шампиони на Изборното првенство во У-15 – освои 7 медали

Младите борачи на Бучим Шампиони од Конче имаа забележителен успех на Државното изборно првенство до 15 години (У-15) кое вчера се одржа во Кочани, освојувајќи 7 медали – 2 златни, 3 сребрени и 2 бронзени.

Медалите ги освоија: Димитар Атанасов –сребрен, Спасија Василева и Габриела Камчева – златни, Сара Костадинова, Глорија Стојанова и Бојана Петрова – сребрени, Фросина Атанасова и Михаела Георгиева – бронзи.

„Треба да се нагласи дека во женска конкуренција го освоивме првото место, кој е навистина завидлив успех за овој млад клуб“, велат од клубот, при што тренерите ветуваат уште поголеми успеси, како на домашни така и на меѓународни натпревари.

„Горди сме на нашите деца“, истакнуваат од Бучим Шампиони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО