Херн тврди дека мечот меѓу Усик и Фјури не е доволно голем за да се организира во С.Арабија

Британскиот боксер Тајсон Фјури и Украинецот Александар Усик организираат борба за обединување на титулите во тешка категорија.

Откако пропадна обидот да се организира настанот во Саудиска Арабија, боксерскиот спектакл најверојатно ќе се одржи на некој од стадионите во Велика Британија.

При таков исход, Краот на Ромите бара поголем процент од хонорарите, со што промоторот на Усик не се согласува.

Имено, Александар Красјук пред неколку дена изјави дека нема да се откаже од барањето заработката да се подели 50-50!

И сопственикот на Мечрум бокс Еди Херн тврди дека борбата меѓу Усик и Фјури не е доволно голема за да се организира во Саудиска Арабија.

„Таа борба за нив не е доволно голема за парите што ги бара Тајсон Фјури, би било кога би бил вклучен Еј Џеј. Џошуа е можеби единствениот борец кој може да донесе некому толку многу пари. Ако организираме борба меѓу Фјури и Џошуа, тогаш можеби Тајсон ќе ги добие парите што ги бара“, изјави Еди Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО