Дарко Стошиќ со прекин во првата рунда загуби од Шамил Газиев

Дарко Стошиќ загуби од Шамил Газиев со прекин во првата рунда пред домашната публика на настанот Брејв 69 во белградската Штарк арена.

Српскиот тешкаш веднаш на стартот го удри со кроше противникот, а Шамил возврати со обид за нокдаун.

Стошиќ и Газиев продолжија да си разменуваат удари. Дагестанецот, кој настапува за Бахреин, го собори Дарко со десен аперкат, а потоа ја заврши работата со уште неколку удари во партер.

„Не сакав да се борам со никого, го донесовме најдобриот борец. Барав победа, сакам предизвици, овој најголем беше пред вас“, изјави Дарко Стошиќ.

Во одличен меч Патрик Челиќ го совлада Александар Терзиќ со прекин во првата рунда.

Интересен беше и натпреварот меѓу српскиот борец Александар Илиќ и Полјакот Марчин Нарушчка.

Џокер на крајот славеше со поделена одлука на судиите, но го изрази своето незадоволство.

„Ова е неважно, нема поделена одлука. Две рунди, четири нокдауни. Имам мал проблем, ја скршив раката во првата рунда“, изјави Александар Илиќ по мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО