За влез на прес-конференцијата фановите мора да купта од вискито на Мек Грегор

УФЦ во четвртокот ќе одржи прес-конференција на која ќе ја најави борбата за титулата светски шампион меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор на 6 октомври.

Фановите во Њујорк за прв пат ќе видат соочување меѓу Ирецот и Русинот.

Прес-конференцијата првично требаше да биде затворена за јавноста, но Мек Грегор преку социјалните мрежи објави дека навивачите на конференцијата ќе може да влезат ако купуват шише од новиот  Попер бр.12 виски, кој го произведува неговата компанија Eire Born Spirits.

„Конференцијата за печат ќе биде отворена за јавноста. Влезница е купувањето на едно шише со Пропер виски. Купете две и веднаш на ред за поставување прашање. Моите војници ќе бидат на влезот и ќе внимаваат парвилата  стриктно да се спроведуваат“, објави на Твитер.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО