АктуелноДруги вештиниТаеквондо
За влакно му избега медалот на одличниот Марко Аврамовски на „Србија опен“
Марко Аврамовски денеска имаше добар настап на силниот Меѓународен таеквондо турунир „Србија опен 2018“ во Белград, кој е од серијата Г-1.
Аврамовски во категоријата -55 кг за јуниори ги помина првите две кола со победи на противници од Романија и Србија, а во третото доживеа пораз со тесен резултат во борбата за медал со Русин. Според тренерите, првите две рунди Марко имал водство и на крајот сосема за малку не успеал да дојде до медал.
Утре настапуваат сите останати борци.
Ipon.mk





