ЗА СКАНДАЛОТ-Мејведер: Горд сум што сум чист спортист

mejveder so naocari i casovnik

Вчера се појави информација дека Флојд Мејведер Јуниор користел интравенска терапија на денот пред борбата со Мани Пакијао. 

Излегува дека агенти на Допинг агенцијата на САД (USADA) откриле докази за тоа, но не ја информирале Атлетска комисија на Невада, а две недели подоцна изјавиле дека Флојд побарал дозвола за да ја користи. Интравенската терапија е забранет метод од USADA.

Еве што изјави боксерот во своја одбрана.

„Да не заборавиме, јас сум човекот кој шест години инсистира да се укине нивото за допинг тестовите при сите мои мечеви. Како резултат на тоа, има повеќе тестови и внимание за тој проблем во боксот. Горд сум што сум чист спортист и ќе продолжам да ја поддржувам каузата“, рече Мејведер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО