Мани Пакијао за интравенската терапија на Мејведер: Вистината излезе на виделина!

Mani vo gard

Откако вчера се појави веста дека Флојд Мејведер користел интравенска терапија пред мечот со Мани Пакијао, Филипинецот не  остана без коментар на информацијата.

Мјеведер веќе имаше обраќање во своја одбрана, но еве што имаше да каже и „Пакман“.

„Вистината конечно излезе на виделина. Штабот на Мејведер постојано ме обвинуваше за допинг … Сега да видиме што стана. Се надевам Флојд Мејведер научил добра лекција од тоа“. 

Менаџерот на Пакијао, Боб Арум, исто така ја коментираше веста.

„Прилично дрско. Да, лут сум. Но, не знам што можеме да направиме во врска со тоа. Не можам да го променам резултатот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО