За штипските ученици-борачи пет први места, а за скопските четири!

Stipskite ucenici sampioni
Штипските ученици најуспешни на Првенството

Вчера во Штип се одржаа Училиштното првенство за деца во борење, при што штипските ученици беа  најдобри во  пет од десет категории, а учествуваа 98 деца од речиси сите основни училишта во Македонија.

Со четири први места децата од Скопје го освоија второто место, а еден златен медал отиде во Неготино.

Адем Асани - ОУ „Рајко Жинзифов“ од Скопје
Адем Асани – ОУ „Рајко Жинзифов“ од Скопје

Први места освоија Петар Тодев, Бобан Панов, Мартин  Стојанов, Давид Мишев и Џан  Назифов од Штип; Бесир Адили, Омер Феруки, Земри Авдили, Адем Асани од Скопје, како и Роберт Костовски  од Неготино.

На првенството настапија и две пионерки, кои демонстрираа боречки вештини.

Сите пласмани може да ги видите тука: Училишно-првенство-за-деца.

Deca sampioni vo Stip
Бобан Панов-прво место – ОУ „Страшо Пинџур“-Карбинци, Штип
Deca od Kocani na borenje
Александар Павлев со пулените од Кочани

ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО