Џудо клубот Сенсеи освои 12 медали – 3 златни, 5 сребрени и 4 бронзени на Меѓународниот турнир „Струга опен 2019“.
Екипата од Радовиш имаше добар учинок, бидејќи настапи со 18 натпреварувачи.
Медалите ги освоија:
Леонид Геговски, Неда Поцкова и Теа Георгиева – златни;
Стефан Ѓоргиев, Илијана Ристов, Димитар Трајчев, Анастасија Ржева и Невена Поцкова – сребрени;
Мартин Крстев, Ана Ристова, Марија Србакова и Магдалена Трајчева – бронзени.
Од денеска до 25 јуни сите натпреварувачи ќе земат учество на тренинг кампот во Струга.
Ipon.mk