Хабиб Нурмагомедов кој на 32 години без пораз ја заврши кариерата (29 победи) во лесна категорија се потсети на првата професионална борба која ја имал пред 13 години во Украина.
„Бев гладен за победи и борби. Во 2008 година беше мојата прва професионална борба, се одржа во Украина. Ми рекоа дека ако го победам противникот, ќе заработам 2.000 долари. Пред 13 години, тоа беа многу пари за мене, а и бев млад, имав 19 години“ – се сеќава Хабиб кој сега е мултимилионер.
„Гледав снимки од мојот прв противник, и си реков: лесни пари. Имав многу голема самодоверба. Во тоа време, 2.000 долари беа многу пари за мене. Го победив за неколку минути, ги зедов парите и заминав дома. Го победив со триаголник, го испратив на спиење. Мојата прва и мојата последна борба завршија на тој начин“ – додава Нурмагомедов.
Инаку, прв противник на Хабиб бил Азербејџанецот Вусал Бајрамов. Борбата се одржала на 13-ти септември 2008 и заврши во првата рунда.
https://www.youtube.com/watch?v=k2DeDFZRRF8