Еди Херн: Ентони Џошуа ќе стане еден од најдобрите боксери во историјата

Промоторот на шампионот ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија Ентони Џошуа – Еди Херн е убеден дека Британецот може да го победи шампионот во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури.

„Ентони е потценет. Верувам дека AJ станува подобар. Ќе го победи и Тајсон Фјури“, рече Херн.

Агентот на Џошуа е категоричен дека Британецот станува се подобар со секој изминат меч.

Тој е на мислење дека светскиот шампион на крајот ќе стане еден од најголемите боксери на сите времиња во тешка категорија.

„Покрај тоа, Ентони е само убав човек. Живее нормален и скромен живот. Секогаш сака да се подобри во секоја работа. Заслужува да биде почитуван“, додаде Еди.

Следниот меч на светскиот шампион на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО во тешка категорија Ентони Џошуа ќе биде против Александар Усик, кој е првиот предизвикувач за појасот.

Битката е закажана за 25 септември на стадионот на Тотенхем во Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО