За неколку дена ВБЦ излегува со конечна одлука за мечот Вајлдер-Поветкин

Povetkin -Vajlder

Претседателот на Светскиот боксерски совет, Маурицио Сулејмен вети дека во наредните денови ќе ја донесе конечната одлука на ВБЦ за случајот „Александар Поветкин“.

Како што е познато, рускиот боксер е задолжителен предизвикувач за титулата, но мечот со носителот на појасот Дионтеј Вајлдер (САД) беше отстратнет од календарот на неодредено време поради позитивен допинг примерок на Поветкин на мелдониум.

„ВБЦ се уште е во процес на истрага и ниту една од страните нема допирни точки со неа. Секој од двете засгенати страни пуштаат разно-разни изговори, а ние ја продолжуваме нашата истрага. По неколку дена ќе ја објавиме одлуката за статусот на мечот и за категоријата во целост. Имаме за проверка уште неколку работи“, изјави Маурицио Сулејмен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО