Мануел Чар се враќа во рингот по бруталниот нокаут и прострелна рана

Manuel Char

Поранешниот ривал на Виталиј Кличко – германскиот боксер Мануел Чар (28-4, 16 КО), по неколку месеци се враќа во рингот, откако претрпе пораз со брутален нокаут од Летонецот Мајрис Бриедис и беше застрелан во стомакот. Се очекува повторно да се појави на 4 јуни во Касел, Германија. Ривал на Чар треба да биде Белорускиот боксер Андреј Мазаник (12-7, 9 КО).

Поранешниот кандидат за светската титула Мануел Чар беше застрелан во ресторан во германскиот град Есен во септември минатата година. Излезе дека и порано имал проблеми со напаѓачот. Скандалот меѓу нив почнал на Фејсбук, каде си размениле закани за физичка пресметка. По инцидентот Чар преброди операција за спасување на животот и успеа да се опорави.

Три недели порано Германецот беше нокаутиран од Мајрис Бриедис. Ова беше прв натпревар на Летонец во тешка категорија, бидејќи дотогаш се бореше во полутешка. Со исклучителна комбинација на десен-лев Бриедис брутално го нокаутираше Мануел Чар и му го нанесе четвртиот пораз во кариера наспроти 28 победи (16 со нокаут).

https://youtu.be/Vss51ljFzL4

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО