СФЦ 2: Ристо Димитров оди со подготвена тактика во Петрич, а Виктор Стојанов да го нокаутира Гркот во првата рунда

Churino poza so muskuli

Ристо Димитров – Чурино и Виктор Стојанов во сабота настапуваат на ММА настанот Спартакус фајтинг чемпионшип 2 (СФЦ) во Петрич-Бугарија, против домашниот борец Цветан Кирилов и Гркот Тасос Тахтампас, кој му е втор противник, бидејќи Џорџ Кечгиас (Грција) од непознати причини ја откажал борбата.

Churinot na SFC vo Petric plakat

„Подготвен сум и психички и физички. Иако се подготвував, имав недостаток на спаринг партнери за ММА, а имав добри стенд ап и боречки спаринзи. За противникот дознав се што може во овој период, однонсо каков борец е и како тренира. Подготвив тактика и сега останува да ја пробам во кафезот“, изјави за Ипон.мк, Ристо Димитров-Чурино.

Димитров на фановите и порачува ако се во можност да отидат и да го подржат во Петрич, затоа што е блиску, а и многу ќе му значи.

Фајнал фајт
Стојанов во нов обид

И Виктор Стојанов ги нагласува подготвеноста и оптимизмот.

„Се чуствувам прекрасно. Се е ок…немам проблеми со килажата. Навистина се чувствувам топ и подготвен сум да му приредам пекол на Гркот. Што се однесува до мојот противник, не сум премногу импресиониран од него. Мислам дека има две борби, а искрено не размислувам многу за него. Очекувам брза победа во првата рунда. Времето на зборување заврши, сега е време да си ја завршам работата“, нагалсува Стојанов.

Stojanov so noviot grk

На овој настан требаше да настапи и Дејан Стефаноски од Велес, но тој ја откажа и оваа борба.

Од друга страна, Тоше Цветков во последен момент е повикан да се бори против Гркот Хилиас Специотис во К-1 до 91 кг.

Утре е официјалното мерење, а во сабота во „Арена Петрич“ започнува спектаклот.

Ipon.mk/В. Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО