Вудли го поклонува појасот: Во позадината на големиот гест е трогателна приказна (ВИДЕО)

Тajрон Вудли нема да го задржи на појасот кој Дана Вајт му го стави околу половината по завршувањето на неизвесниот меч со Стивен Томпсон. Наместо неговиот, тој ќе го краси домот на обожавател кој со својата потресна приказна го инспирира во завршницата на рундата на тој судир да ги извлече последните атоми на сила и да му ја украде победата на својот предизвикувач.

„Никогаш не било цел да станам валкано богат, озлогласениот лик што го сакаат сите. Мојата цел беше да се создадам платформа преку која ќе допрам до луѓето. Се уште допирам до луѓето, се уште имам луѓе кои ме поддржуваат и се уште имаат навивачи“, ја почна приказната Вудли за една жена која го инспирираше во борбата со Вондербој.

„Младата дама по име Савана ми пријде и рече: „Ќерка ми почина, ќерка ми Анаја умре“. Мислев за тоа за време на борбата во петата рунда каде што едноставно не можеше да дозволам да ми го земат појасот“, продолжи шампионот.

Тајрон раскажува дека Савана му открила дека тешко се носи со смртта на нејзината ќерка, но гледајќи ги нрговите борби, како и исечоците од неговиот живот,

Инаку, Савана се преселила во Лас Вегас и нашла работа во Т-Мобиле арена кој беше домаќин на последниот УФЦ настан, а таму дојде со можност да се сретне со шампионот на кого му ја раскажа својата приказна и побара од него да се борба за него и нејзината почината ќерка.

Токму тоа проаѓаше во главата на Вудли во текот на последните пет минути од судирот во ласвегаската арена.

„Немаше шанси да го изгубам тој меч! Обично во такви моменти размислувам за моето семејство, но тогаш јас замислив таа млада девојка како плаче и ми ја кажува својата приказна“, откри Вудли кој ќе и го поклони појасот, за кој вели дека ништо не му значи, бидејќи знае дека е светски шампион, а за да си го докаже тоа тој воопшто не му е потребен.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО