Вториот ден забележавме две победи, Бесир Алили се бори за златниот медал (ВИДЕО)

Денеска на Европското првенство во борење во Скопје немавме поединци како вчера Беси Алили, само Филип Тасев и Адем Асани поминаа по едно коло.

Во 18 часот Бесир Алили (-45 кг) се бори за златниот медал против Рафаел Харутјунјан (Ерменија).

Тасев во втората борба покажа нервоза која му овозможи на Гркот спорведување на тактичките замисли и сигурна победа. Асани направи превсрт во правта борбапо водството од 0-6 на противникот за да поведе со 10-7 и до крајот само го чуваше водството.

Најголемата надеж за денешниот ден, Аид Салихаси, влезе со многу жар и елан со Гокдениз од Турција, но тоа два пати го доведе во туш ситуација, а третиот пат не можеше да ја избегне против силниот противник.

Резултати

-48 кг – 1/8 финале
Аид Салихаси – Халил Гокдениз (Турција) 8-2 (со туш) 
-55 кг квалификации
Исмани Мухамед – Анатоли Храмика (Белорусија) 1-14 (технички туш)
-65 кг квалификации
Филип Тасев – Патрик Цирузински (Полска)  8-7
1/8 финале
Филип Тасев – Кристофорс Лоизидис (Грција) 0-7 (туш)
-80 кг 1/8 финале
Адем Асани – Размик Варданјан (Шпанија) 10-9
¼ финале
Адем Асани – Григоре Телеман (Молдавија)0-11 (технички туш)

-110 кг 1/8 финале
Драган Велинов – Соломон Манашвили (Грузија) 10-0 (технички туш)

-45 кг финале
Бесир Алили – Рафаел Харутјунјан (Ерменија)

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО