ВСОФ потпиша со двократната олимпсиката шампионка Кајла Харисон

kajla-harison

Синџирот ВСОФ/WSOF направи силен потег привлекувајќи ја во своите редови двократната олимписка шампионка во џудо, Кајла Харисон.

Таа ќе ја започне кариера уште на ВСОФ 34, но нема да се бори, туку да направи анализа на случувањата и да исполни улогата на „амбасадор на брендот“.

Се уште соопштен датумот кога кајла Харисон ќе го направи професионалното ММА деби.

„Тренирав бокс, џиу-џицу и сè друго. Но најважно кај мене е тоа што навистина ми недостасува елементот на настанот. Ми недостига учество на најголемите сцени на светот, а ВСОФ ми обезбеди добра можност“.

Извршниот директор на ВСОФ, Карлос Силва, исто така го сподели задоволството од најсуштествениот потег на компанијата.

„Имајќи предвид дека сум бев претседател на „Universal Sports“ и бев инволвиран во олимпиското движење со НБЦ, јас сум исклучително возбуден што Кајла се приклучи на нашиот тим. Златниот олимписки медал е нешто посебно, а луѓето кои ги освоиле се такви“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО