Карате селекциите поразени на Светското првенство

karate-sp-ekipno-na-sp

Македонските карате селекции во борби , мажи и жени се елиминирани од понатамошните борби на Светското првенство во Линц, машите во второто коло, жените во првото .

Машката репрезентација во борби – екипно во првото коло ја победи  Саудиска Арабија со 2-1, Мартин Несторовски и Петар Заборски извојуваа победи , Иво Цветковски и Жарко Арсовски се бореа нерешено, а Петар Спасеновски загуби.

Против Данска претрпевме пораз од 2-1, победа оствари само Несторовски,  додека Цветковски и Емил Павлов имаа нерешен резултат, а Заборски и Арсовски се поразени. Жарко Арсовски на 20 секунди пред крајот имаше водство, но несреќно загуби.

Женската репрезентација е совладана во првото коло од Унгарија со изјаснување на судиите откако  резутатот по трите борби беше нерешен 1-1. Сара Радичевска победи, борбата на Симона Заборска заврши нерешено, додека Наташа Стефановска претрпе пораз. Во екстра мечот Симона Заборска по три минути имаше резултат 2-2, судиите со изјаснување победата и доделија на Унгарија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО