Головкин треба да оди една категорија погоре

golovkin-izudaran

Легендарниот тренер Фреди Роуч повторно излезе со свое мислење, овој пат се осврна на светскиот шампион во бокс во средна категорија, Генади Головкин.

Роуч е на мислење дека ГГГ треба да оди една категорија погоре, ако сака да добие поголемо признание на инаку неоспорниот талент и квалитети. Истото се однесува и на неговиот пеј-пер-вју успех, кој во моментов не е таков каков што може да биде, мислејќи и нивото на конкуренцијата.

Во случај Головкин да оди во лесно-тешка категорија, на пример, тој би можел да учествува во врвни мечеви со ривали од рангот на Сергеј Ковалев, Андре Ворд и Адонис Стивенсон.

„Мислам дека во моментов ГГГ е најдобар боксер на планетата. Секој вели дека тој не победил никого, но вистината е дека тој веќе ги победи сите. Во оваа категорија нема многу конкуренција. Мислам дека тој ќе мора да се качи до 79 килограми, за да добие поголемо признание“, изјави Роуч.

Фреди Роуч најде и недостаток во стилот на ГГГ, истакнувајќи дека не треба да им овозможува на противниците да му се приближуваат и да му упатуваат чисти удари.

„Тој е многу добар боксер, а мислам дека одлично се справи со Кел Брук. Неговата одбрана сепак не е толку добра како што мислев. Тој допушта да биде удрен. Знам дека неговиот тренер вели оти тоа го прави за да ги натера ривалите на борба од блиску. Тоа е пристап од минатото. Татко ми ми велеше дека неговиот тренер го терал да прави така, но тоа се случило во 1947 или нешто слично. Не мислам дека и во денешно време го има тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО