Всил Ломаченко напушти една светска титула

Lomacenko so pojasot gore

Светскиот шампион во две тежински категории, Васил Ломаченко (6-1, 4 КО) одлучи да се откаже од една титула.

Во очекуваниот потег, 28-годишниот Украинец ќе ги ослободи позицијата на ВБО шампион во категоријата до 57,2 килограми и ќе се концентрира на суперперолесна (полулесна) категорија.

ВБО појас во перолесна категорија го освои мнозинска одлуката против Гери Расел Јуниор во јуни 2014 година и три пати гоодбрани.

Потоа во потрагата за поголеми борби ја подигна килажата на 59 кг. Се надеваше на борба со Николас Волтерс, а откако не дојде до неа го нокаутираше РоманМартинез и ја освои титулата светски шампион и во друга тежинска категорија.

„Решив помеѓу ВБО титулите на 57,2 и 59 кг. Подобри се можностите на 59. Затоа тој појас ќе го задржам и ќе ја испразнам ВБО титулата во категоријата до 57,2 килограми“, беше објавено на неговиот официјален профил на Твитер.

Во следната борба Ломаченко повторно би можел да се сретне со Орландо Салидо кој му го нанесе единствениот пораз во професионална кариера славејќи со поделена одлука на судиите во март 2014 година.

За испразнетата ВБО титула во перолесна категорија овој викенд на листата Крафорд -Постол ќе се борат Оскар Валдез и Матијас Руеда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО