Ворен: Победа над Дину ќе го направи Дубоа задолжителен предизвикувач

Промоторот на Даниел Дубоа, Френк Ворен, објави дека неговиот боксер ќе стане задолжителен предизвикувачот за појасот на ВБА по победата над Богдан Дину.

Потсетуваме дека судирот е за испразнетата „привремена“ титула во тешка категорија на ВБА и ќе се одржи на 5 јуни во Велика Британија.

„Драго ми е што ја организирав оваа битка за Даниел. Јас сум навистина возбуден што работам со Грег Коен на овој настан.

Победата на Даниел во оваа битка за привремената титула ќе го направи задолжителен предезвикувач за светската титула на ВБА, а ако успее да го совлада Дину на 5 јуни, тој ќе се врати во водството и во микс со најголемите кандидати“, рече Ворен на профилот на Твитер.

Даниел Дубоа има биланс од 15 победи и само 1 пораз во ММА. Тој победи на 14 меча пред време. Во неговиот последен меч во рингот Дубоа загуби од сонародникот Џо Џјс со нокаут во 10-тата рунда во Вестминстер, Велика Британија на 28 ноември.

34-годишниот Дину има 20 победи и 2 порази во рингот. Неговиот последен пораз беше од Кубрат Пулев во 2019 година, кога Кобра го нокаутираше во седмата рунда во спектакуларна и оспорена битка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО