Четворица боксери од денес стартуваат на „Белградски победник“

Арсим Етеми, Лео Јовановски, Јасин Лама и Али Аземи ќе настапат на Меѓународниот боксерски турнир „Белградски победник“ во Србија.

Борбите на 58-то издание на турнирот почнуваат денеска и ќе траат до 28 април.

Претходно нашите боксери беа на неколкудневни подготовки со репрезентацијата на Србија во Белград.

Утре Лама во категоријата до 63 килограми се бори со европскиот првак од Минск Лук Мек Кормак до Англија.

Етеми и Аземи имаат протовници од Казахстан, а Јовановски од Киртгистан

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО