Ворен истакнува дека Усик се повлекол од борбата, па порача: Можеби Фјури повторно ќе се пензионира

Тајсон Фјури и Александар Усик не можеа да се договорат за меч за апсолутен шампион во тешка категорија и секој продолжува по својот пат.

Украинскиот боксер најверојатно ќе се бори со Британецот Даниел Дубоа, носителот на титулата во ВБА (регуларна) и следниот задолжителен предизвикувач.

Но, на крајот на минатата година Дубоа го повреди коленото на мечот против Кевин Лерена, а постои можност на негово место да дојде Филип Хрговиќ.

И промоторот на Фјури, Френк Ворен, сè уште не знае што е следно за Џипси Кинг.

„Сè уште е толку свежо, можеби повторно ќе се пензионира. Не знам какви му се плановите, тој ќе одлучи. Тајсон Фјури заработува, а луѓето што плаќаат немаат поим кој каков појас има. Тие знаат кој е Фјури, но не знаат кој е Усик“, рече Френк Ворен и додава:

„Искрено, верувам дека Усик сакаше таков исход. Не го интересираа пари, туку сакаше да се бори за четири појаси. Но, тој се повлече од борбата. Сега можете да ме повикате мене и Фјури, но тие се откажаа од мечот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО