Женскиот кумите тим беше на чекор до историски пласман на ЕП

Женскиот кумите тим во добро издание на Европското првенство за сениори во Гвадалахара, Шпанија. Имаше шанса за историски пласман во полуфиналето, но во тој поход беа запрени од Финска, губејќи со 4-10.  

Женскиот кумите тим претходно извојува две победи, беа словладани Словенија и Босна и Херцеговина со 2-0. Нашиот тим се најде во осумте најдобри екипи во Европа кои се бореа за полуфинале. Но, Финска не се пласира во финале, загуби 6-1 од Германија, а во второто полуфинале Хрватска славеше со 2-1 против Франција. Финска во репасажот се избори за борба за бронза.

Машкиот кумите тим загуби од Италија 1-3.

За жал на сите нас, на ова ЕП останавме без медал.

На ЕП се пријавени 548 каратисти од 47 држави.

Резултати – Европско првенство:

Кумите тим жени
Македонија – Словенија 2-0
Македонија – Босна и Херцеговина 2-0
Македонија – Финска 4-10

Кумите тим мажи
Македонија – Италија 1-3

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО