Вонземјанинот сака да дебитира во ММА

Вонземјанинот кој доброволно му ги ампутираа прстите, носот и ушите се подготвува да дебитира во ММА.

Човекот кој си го даде прекарот „The Black Alien Project“ на социјалните мрежи успеа да ги воодушеви луѓето со својот изглед. Понатаму, одлучи да го прошири својот експеримент на бојното поле. Расцепена усна, отсечен нос, оперирани уши, сини заби, поцрнети белки од очите, па дури и отсечени два прста на левата рака.

Ова е дел од патувањето на кое тргнува 35-годишниот Французин Антони Лофредо. Во декември 2023 година тој објави на серверот Ел Паис оти смета дека неговата трансформација е завршена за 65%, што значи дека има уште 35% да заврши за да ја задоволи својата откачена опсесија.

Зборувајќи за Ел Паис, Лофредо рече дека отсекогаш се чувствувал како човек од друга планета и бидејќи веќе ја започнал трансформацијата, би сакал истовремено да ужива во сите аспекти на тоа. А бидејќи веројатно многу гледа филмови, решил да предизвика и некого на борба.

Неодамна се појави и информација дека градел мускули за борба во ММА кафезот. Сè уште не е познато кога, каде и против кого ќе го видиме вонземјанинот. Сепак, тоа си го има поставено како задача и сигурно некоја организација ќе покаже интерес за него. Луѓето би гледале фрик шоу во кафезот со „The Black Alien Project“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО