Еден од поранешните тренери на Железниот Мајк го прогнозира исходот на борбата со Пол

Остануваат уште точно два месеци до пресметката меѓу Џејк Пол (9-1) и Мајк Тајсон (50-6), која се уште ги шокира мнозинството љубители на спортот, но, како што се наближува времето, овој меч е се поблиску до реализација. Затоа, обрнуваме внимание на прогнозата на еден од поранешните тренери на „Железниот Мајк“ – Џеф Фенех, кој верува дека мечот ќе заврши со нокаут за легендата на спортот.

„Нема сомнеж во мојот ум дека Мајк ќе го нокаутира доколку не реши полежерно да настапи и да ги повлече ударите“, изјави Фенех во интервју за „Вајд ворлд од спортс“.

Дури и најтврдокорните поддржувачи на „Проблематичното момче“ немаше да предвидат дека мечот ќе испадне поинаку ако беше на врвот на кариерата на Тајсон, но со 31 година меѓу нив, овој меч во моментов изгледа крајно непредвидлив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО