Вонредното Собрание на ЏФМ избра нов претседател – Зеглул Реџепи

Денеска на вонредното Собрание во Прилеп на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ), кое беше свикано по инцијатива на 12 џудо клубови или 1/2 од клубовите, на досегашниот претседател Филип Иванов му е изгласана недовреба, а за нов прв човек на Федерацијата е избран Зеглул Реџепи. Освен тоа, избрани се нови членови на Извршниот и Надзорниот одбор.

На Собранието присуствуваа 24 клуба.

Иницијативниот одбор го свика вонредното Собрание со образложение дека има прекршување на актуелниот Статут на ЏФМ и останатите законски акти врз кои се базира истиот; игнорирање на барања, предлози и забелешки на поголемиот број клубови и носење еднострани одлуки на раководството; дуплирање на функции од страна на одредени личности, неизбирање на неколку поважни комисии, како судиската, неизбор на селектори на национални селекции, неодржување на ниту едно државно првенство и многу други причини.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО