Вондерлеј Силва: Никој не го сака Кро Кап, ќе го погодам со сокер кик и ќе го смачкам!

Vondrelej Silva i Mirko Filipovik

Вондерлеј Силва и Мирко Филиповиќ повторно се сретнаа во Јапонија на презентацијата за Гранд при на Ризин во отворената категорија.

Бразилската и хрватската легенда веќе се бореа два пати – за прв пат во 2002 година на Прајд 20 по посебни правила и натпреварот заврши нерешено, а вториот пат во полуфиналето на настанот за Големата награда на Прајд во 2006 година, кога Филиповиќ во една од најдобрите борби во неговата кариера тешко го нокаутираше Бразилецот. 40-годишниот Силва се надева дека за време на турнирот ќе добие шанса за одмазда.

„Axe убиец“ по заедничкото фотографирање на својата Фејсбук страница објави порака за Кро Кап.

„Ние сме на Гран при. Чекајте, јас доаѓам. Не го сакам овој тип, никој не го сака. Ќе го погодам со тупаницата во главата. Ќе го нокаутирам. Ќе го погодам сокер кик и ќе го смачкам. Кро кап, време е за одмазда“!

Silva na FB za kro kap

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО