Дионтеј Вајлдер мора да парви две операции

Diontej Vajlder Kris Areola borba

Дионтеј Вајлдер по четвртата успешна одбрана на титулата шампион на ВБЦ во тешка категорија ја заврши повреден.

Светскиот шампион го порази Крис Ареола кои не одговори на гонгот за почеток на деветтата рунда.

По борбата, Вајлдер рече дека за време на натпреварот ја скршил десната дланка и го истегнал мускулот на десната рака.

Неговиот тренер и менаџер, Џеј Дес, рече дека ќе треба да направи две операции. Во понеделник ќе оперира на десната дланка, а потоа ќе се погрижат за бицепсот.

„Дионтеј удира премногу јако за којбило човек. Има генетска градба на кошаркар. Коските му се малку помали. Повеќето од тешкашите на ова ниво се големи, дебели момци со тешки коски. Тој удира прејако за својата градба на коските“.

„Дионтеј преферира удирачки ракавици, затоа што е толку голем удирач, но ќе мора да користиме ракавици кои повеќе штитат. Одземаат малку од ударот, но повеќе ја штитат на раката“, рече Дес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО