Вондерлеј Силва суспендиран 3 години, ништо од мечот со Емилијаненко

Vonderlej silva so kapce

Бегството на Вондерлеј Силва од допинг тест, му донесе многу главоболки, дури беше суспендиран од натпревари до крајот до животот. По многу скандали и дела, Спортската комисија на Невада го ублажи тонот и му изрече помала казна – три години суспензија.

Првата казна фактички значеше крај на кариерата на Силва, но сега единствено знаеме за мечот меѓу него и Федор Емилијаненко, за кој во последно време многу се зборува, сепак нема да се случи оваа година.

Трите години откако се случи инцидентот истекуваат на 25 мај 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО