Вондерлеј Силва со „бомба“: Во УФЦ има наместени борби!

wadnerlei-silva-oct

Вондерлеј Силва продолжува со напади на УФЦ, кои почнаа откако му беше забрането да настапува во организацијата поради бегството од изненадувачки допинг тест. Вчера од УФЦ беше отстранет и Јакоб Дуран заради искажано мислење за зделката на организацијата со Рибок.

 „Го отпуштија. Токму така. Стич е отпуштен, затоа што се застана на страната на спортистите. Затоа почнав да се прашувам зошто не ме отпуштија и мене? Не да ми го прекинат договорот, иако веќе реков дека никогаш нема да се борам за нив. Но, тие не сакаа да ме ослободат. Ова се случува со оние кои ја кажуваат вистината во оваа компанија – ги изолираат. Немаат почит кон никого. Јасно изјавив дека немам желба повеќе да се борам за оваа организација со наместени натпревари. Можам да докажам дека има такви. Се уште не сум ја фрлил бомбата. Не сум рекол се што знам“.

 Силва продолжи со изјавата за наместените средби.

 „Или прави како што ти велат, или ќе те отпуштат. Нема да престанам додека не ги ослободат спортистите. Овој организатор го убива нашиот спорт. Има борци кои и дополнително одат на работа, за да ги прехранат своите семејства, бидејќи не им стигнуваат парите од спортот. Им се плаќа многу малку. Во моментов се организираме и наскоро ќе има вести за сите борци. Тоа нема да се толерира. Некои луѓе се обидоа да ме поткупат, но јас никогаш не сум бил и нема да бидам на продажба. Ќе се борам до крајот, за да ги разобличам тие организатори, кои публиката ја доведуваат во заблуда, мамат и му го одземат достоинството на нашиот спорт. Тој станува како кечерството, каде што борбите се договорени. Треба да ги запреме, бидејќи работите се на работ на пропаста“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО