Вондерлеј Силва сака да биде потпретседател

Поранешниот шампион на Прајд, 46-годишниот Вондерлеј Силва почнува да гради политичка кариера. Бразилскиот ММА борец кој во кариерата заблежа 35 победи, а има 14 порази и едно реми, изјави дека сака да биде заменик претседател.

Неговата последна борба беше во 2018 година кога загуби со прекин во втората рунда од Квинтон Рампејџ Џексон на настанот на Белатор.

Силва порано беше социјалдемократ, а сега се приклучи на Прогресивната партија, која соработува со претседателот Жаир Болсонаро.

„Решив да го направам тоа, бидејќи многу луѓе се незадоволни од животот во Бразил. Многу луѓе велат дека тука ништо не е во ред, а јас сакам да сменам нешто и се кандидирам за заменик-претседател на Парана (една од 26-те сојузни држави на Бразил, з.а.). Никогаш не сме имале спортист на толку висока позиција и тука сум да го сменам тоа“, изјави Вандерлеј Силва.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanderlei Silva (@wandfc)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON