Поранешен шампион на УФЦ: Миочиќ треба да одлучи дали сака да се бори со пожар или со Џонс

103

Во последните неколку месеци многу се зборува за меч за привремен шампион во тешка категорија на УФЦ, во кој би можеле да се најдат Стипе Миочиќ и Џон Џонс.

Во своите објави на социјалните мрежи Боунс постојано споменуваше дека е подготвен да се бори со Миочиќ.

Поранешниот шампион на УФЦ, Хенри Сехудо, истакнува дека Стипе е одговорен за одложување на враќањето на Џон Џонс во кафезот.

Поранешниот шампион во полутешка категорија одлучи да се пресели во тешка категорија пред повеќе од две години. Но, неговото деби сè уште се чека.

Џонс изгледа подготвен во своите објави на социјалните мрежи, а тоа би можело да значи дека е блиску до враќање во октагонот.

Сака да се бори против Стипе Миочиќ, бидејќи „може да покаже многу повеќе против него отколку против едностраниот Нгану“.

Миочиќ последната борба ја имаше минатата година кога загуби од Нгану со нокаут и го загуби појасот. Се чини дека Стипе е повеќе посветен на семејството и на работата како пожарникар.

„Џон е подготвен, го има огнот што го имаше порано. Се зависи од Стипе Миочиќ. Тој треба да одлучи дали сака да се бори со пожари или да се бори во октагонот. Му се восхитувам поради тоа што го прави, но луѓето сакаат да ја гледаат борбата. Ако Стипе одреди датум кога сака да се бори, Џон ќе го прифати и ќе го потпише договорот“, изјави Хенри Сехудо и додаде:

„Борба против Блејдс или којбило друг би бил шлаканица за Џон Џонс. Сакајте го или мразете го, тој е најголемиот на сите времиња. Секој противник, да не беше Миочиќ, ќе му беше шлаканица“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stipe Miocic (@stipemiocic)