Вондерлеј Силва доби противници за Ризин ФФ

Rizin plakat z avoderlej silva

Поранешниот шампион во средна категорија, Вондерлеј Силва, кој неодамна склучи голем договор со Ризин ФФ,  на 17 април ќе се врати во Јапонија.

 Негов партнер на средбата во групата ќе биде ветеранот во борењето и мешаните боречки вештини Кијоши Тамура. Тие ќе се сретнат со тимот на Казуши Сакураба и Хидео Токоро, кои исто така се претставници на Прајд ерата.

 Се очекува Силва подолго да с ебори по ММА правилата, најверојатно откако ќе му истече суспензијата во 2017 година.

 Истата вечер ќе се борат Дарон Круикшанк против мајсторот на клучевите Шињи Сасаки и светската шампионка во бразилски џиу-џицу Габи Гарсија против шампионката во мешаните боречки вештини Ана Малјукова

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON