Волков објави голем новитет пред средбата со Гане

Александар Волков изјави дека само неколку дена пред пресметката со Сирил Гане потпишал нов договор со УФЦ. Борецот ова го објави за најголемата руска новинска агенција „ТАСС“, без да даде повеќе специфики за договорот.

„Ова ќе биде прва борба од мојот нов договор со УФЦ (со Гане). Секако, мојата плата ќе се зголеми за оваа битка. Договорот е долгорочен и условите се подобрени“, рече Волков.

Еден ден порано, Русинот зборуваше за претстојниот судир за рускиот „Спорт-експрес“.

„Видовме многу од неговите средби. Сите проучувавме и сега се обидуваме да го имитираме неговиот стил и борбените техники со кои ги добива битките“, рече Волков.

„Ако зборуваме за нашата таканаречена домашна задача, треба да кажам дека заслужувам оценка А + (6+). Се надевам дека (домашните задачи) ќе бидат во целосна употреба на мечот со Гане“, продолжи тој.

„Цело време тренирав во теретана, гледав бројни видеа од неговите борби, дискутирав за многу работи и многупати ги менував моите борбени планови. Затоа подготвивме многу планови за битката и ќе видиме како ќе се однесува противникот за време на средбата“, додаде гигантот.

Волков, поранешен шампион во тешка категорија на Белатор, ВСОФ и М-1 викендов  ќе се бори со непоразениот Французин Сирил Гане (8-0) во главната пресметка на УФЦ Фајт најт 190.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО