Волков и Розенструик ќе се борат на УФЦ Фајт најт 207

Во тешка категорија ќе се натпреваруваат Александар Волков и Жаирзињо Розенструик.

Тие ќе се борат во главната борба на настанот УФЦ Фајт најт 207, кој ќе се одржи на 4 јуни. Веста ја објави Брет Окамото. Локацијата на гала вечерта се уште не е објавена.

Волков има скор од 34-10 во ММА и загуби од Том Аспинал минатиот месец. Александар победи на 3 од неговите последни 6 УФЦ борби.

Тој доби 25 со завршница, од кои 22 беа со нокаут. Во 5 меча загуби со затвршница. Волков е поранешен шампион во тешка категорија на Белатор и М-1 Глобал.

Розенструик е со скор од 12-3 во ММА и доаѓа по поразот од Кертис Блејдс на крајот на 2021 година.

Жаирзињо победи на 6 од неговите 9 борби во УФЦ. Тој победи со нокаут на 11 средби, а еден пораз е со нокаут. Розенструик е светски шампион во кик-бокс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО