Волкановски три рунди се борел со скршена рака?

Новиот шампион во УФЦ во лесна категорија, Александар Волкановски, го покажа својот нов појас и пристоен оток при враќањето во Сиднеј, Австралија.

Волкановски го заврши владеењето на Макс Холовеј во перо категорија по пет рунди борба.

31-годишниот спортист сега сака да го помине времето со семејството и можеби нема наскоро да го видиме во октагон поради повреда – Волкановски рече дека може да му е скршиенараката.

„Раката ми е прилично лоша. Треба да ми ја сликаат. Мислам дека е скршена. Се уште не знам сигурн“.

Волкановски рече дека почувствувал траума во втората или третата рунда, но продолжил да се придржува кон стратегијата што вклучува тешки удари со десната рака.

По оваа победа, која ја му ја катапултира кариерата на Австралиецот со македонско потекло, тој е подготвен за сето она што претстои.

„Го мислев овој шампионски појас цела година. Не се дигам, но знаев дека ќе го освојам.

Ја следев категоријата – има и други луѓе кои се стремат на шампионското место. Ги имам следено сите и верувам дека можам да ги победам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО