Волкановски: Топурија не се бореше со Мегалодон како јас

Александар Волкановски е нестрплив да му одржи лекција на „заблудениот“ Илија Топурија.

Двајцата ќе се борат за титулата во перо категорија во февруари. Нивната борба е насловна на настанот УФЦ 298, закажан за 17-ти февруари. Локацијата се уште не е соопштена од организацијата.

34-годишниот Волкановски доаѓа од борба во Абу Даби каде во првата рунда беше нокаутиран од Ислам Махачев. Многу луѓе велат дека Илија може да го победи Алекс, но шампионот мисли поинаку.

Алекс го предупредува својот противник дека допрва треба да се бори со ајкулите во категоријата. Сега Илија се соочува со конфронтација со Мегалодон, кој се подготвува да го казни.

„Тој веќе мисли дека е кралот. Другар, сè уште не си пливал со ајкулите. Откако ќе почнеш да пливаш со ајкулите, тогаш можеш да дојдеш до Мегалодон. Треба да биде самоуверен, но почнува малку да оди во заблуда. Тој е добар и силен, но се обидува да се однесува како веќе да е шампион.

Погледнете ги ајкулите со кои пливав пред да се борам со Макс Холовеј. Уште е млад и морам да му одржам лекција. Ќе го направам понизен. Можеби ги нема вистинските луѓе околу него за да го понижат. Се чувствувам како да му правам услуга на светот.

Се чувствувам како да правам се што можам за да го понижам. Илија навистина верува дека е најдобриот борец што УФЦ некогаш го видел. Дали се подготвува поинаку или само го прави она што го правеше за да се подготви за сите други?

Подобро да ми покажеш нешто поинакво. Ако не, тогаш ќе те засрамам пред светот“, изјави Алекс за Нуз корп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FIGHTING LTD. (@fighting.ltd)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО