Хамзат Чимаев: Дозволете ми да го завршам Алекс Переира

Хамзат Чимаев уште еднаш му се закани на Алекс Переира.

Чеченскиот борец верува дека може да се справи со „По Атан“, кој стана шампион во две различни УФЦ катетгории. Алекс влезе во УФЦ подоцна од Чимаев, но и покрај ова освои две титули, а Чимаев се уште не стигнал до шампионска борба.

Многу аналитичари предвидуваа дека Чимаев ќе биде шампион уште пред 1-2 години, но тоа не се случи. Переира го постигна она што сите предвидуваа дека Чимаев ќе го направи. Во 7 борби за УФЦ Алекс освои две титули и учествуваше во три шампионски натпревари.

Чимаев има и 7 борби во кои не дозволи пораз. Се очекуваше Чеченецот да се бори за титулата во средна категорија, но УФЦ веќе закажа таков меч. Сега иднината на Чимаев е неизвесна, а тој изрази желба да се бори со Переира.

„Дана Вајт, дозволи ми да го завршам“, напиша Чимаев на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FREAK (@freak.mma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО