Волкановски се пошегува со Махачев (ФОТО)

Австралискиот борец со македонско потекло во ММА, актуелниот шампион на УФЦ во перолесна категорија Алекс Волкановски објави нова објава на социјалните мрежи во која се пошегува со Русинот Ислам Махачев.

„Еј Ислам, моето име е напишано на твојот појас, а твоето лице е испечатено на моето колено!“, напиша Волкановски.

Потсетуваме дека Махачев е шампион на УФЦ во лесна категорија од октомври годинава. Ислам на 22 октомври на УФЦ 280 во Абу Даби го победи бразилскиот претставник Чарлс Оливеира, по што појасот стана негов.

Веднаш по победата над Оливеира, Махачев го предизвика Волкановски, кој се согласи на борбата. Нивниот меч ќе се одржи во февруари следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО