Волкановски сака до крајот на годината да се закити со три појаси

Александар Волкановски мисли да освои дури три појаси до крајот на 2023 година. Своите планови му ги откри на Израел Адесања на својот Јутјуб канал.

„Можеби прво ќе го нападнам појасот БМФ додека Ислам си го направи своето, а потоа ќе имаме реванш. Така ќе можам да се закитам со три појаси. Јас би бил среќен поради тоа. Шампион во перо, БМФ и лесна. Веќе имав неколку разговори на оваа тема. Дефинитивно имам планови во таа насока“, изјави Австралиецот со македонско потекло.

Појасот БМФ е кратенка за “Baddest Mother Fucker”, што значи „најлошата личност/ копиле”. За прв пат за ваква титула во 2019 година се бореа Хорхе Масвидал и Нејт Дијаз. После тоа, стана традиција да се организираат полу-шампионски натпревари меѓу некои од најатрактивните борци во различни дивизии.

На УФЦ 291 Дастин Пориер и Џастин Гејџи ќе се натпреваруваат за појасот БМФ во лесна категорија .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО