Волкановски: Прифатив нешто лудо, подготвен сум да го шокирам светот

Светскиот првак во перолесна категорија на УФЦ, Александар Волкановски, призна дека донел храбра, па и луда одлука да прифати борба со Ислам Махачев, која треба да се одржи на 21 октомври во Абу Даби.

Волкановски влета во последен момент како предизвикувач на Махачев во лесна категорија, по повредата на Чарлс Оливеира. Волкановски имаше една борба со Русинот Махачев и загуби, па има прилика за реванш и да испише историја и да ги обедини титулите во перолесна и лесна категорија.

„Веднаш се согласив да се борам со Махачев, преговорите траеја кратко, сакав да се осигурам дека финансиски ќе ми се исплати. Ова е луда одлука. Нема многу момци кои би прифатиле да беа на мое место, но јас сум подготвен. Ако некој може да победи шампион со толку кратки подготовки, тоа сум јас. Директно од кауч одам во битка, подготвен сум да го шокирам светот. Одморен сум, ретко пиев алкохол, свеж сум. Притисокот е врз Махачев, јас само што станав од кауч“, рече Волкановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО