Волкановски побара борба со Оливеира во Австралија

Светскиот шампион во перолесна категорија Александар Волкановски е уверен во промена на категоријата. Австралиецот го повика шефот на УФЦ, Дана Вајт, да организира борба меѓу него и носителот на појасот во лесна категорија, Чарлс Оливеира.

Тој го направи тоа откако минатата недела ја одбрани титулата со нокаут против Корејското зомби. Волкановски има намера да си ја проба среќата во следната дивизија, ветувајќи дека ќе биде на трибините за пресметката на Оливеира и Џастин Гејџи кои треба да се сретнат следниот месец на УФЦ 274.

„Сакам да се борам за титулата во лесна категорија. Ова треба да биде мечот што ќе се одржи до крајот на годината. Верувам дека може да се организира во Австралија. Ќе разговарам со Дана Вајт. Кој ќе победи од Оливеира и Гејџи нека командува со мојата територија. Доаѓам во неговата категорија да го земам и овој појас“, коментира Волкановски.

Тој е категоричен дека ситуацијата во перо категорија станала малку досадна, но тоа не е негова вина.

„Ја исполнувам мојата должност – да го бранам појасот и да победам. Не сум виновен што ја немам потребната конкуренција. А бидејќи ме обвинуваат дека категоријата е здодевна, одам во горната, каде што очигледно е поинтересно“, изјави Австралиецот со македонски корени.

За можноста да се бори со Хенри Сехудо, кој веќе го предизвика на социјалните мрежи, шампионот рече: „Не ми пречи, нека даде наредба. Ако навистина реши да се врати во спортот, тоа е одлично. Но, тој мора да тргне по својот пат додека не го освои правото да бара светска титула. Ако тој беше активен петел шампион и сакаше да се бори со мене, тоа е поинаку. Но, сега нема никој“.

Се чини дека Сехудо не издржа долго во улогата на тренер. Неговиот менаџер веќе го вклучи во допинг-листата, што е показател за враќањето на олимпискиот шампион и поранешен број 1 во категоријата „петел“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО