Макс Холовеј го победи Калвин Катар на УФЦ на АБЦ во Абу Даби со едногласна одлука на судиите.
Поранешниот шампион во лесна категорија доминираше во текот на сите пет рунди, а нивниот меч е одлична најава за новата сезона.
Во борбата уживаа сите на „Етихад арената“ во Абу Даби и оние кои ја следеа на телевизија.
Судирот го следеше и шампионот на УФЦ, Александар Волкановски, кој му рече на Макс Холовеј дека тешко може да му го стори тоа што му го направи на Калвин Катар.
Австралиецот со македонско потекло два пати го победи Макс.
Холовеј собори неколку рекорди на мечот против Катар и секако ја заслужи можноста да го нападне појасот на шампионот.
Волкановски им честиташе на борците и испрати порака до својот поранешен ривал.
„Добра борба, но не можеш да ги извадиш тие бројки кога сум пред тебе“, напиша шампионот на УФЦ на Твитер.
Заедно со објавата, тој приложи и статистика од нивните средби, кога бројките на Холовеј беа поскромни од оние против Катар.
Неодамна беше објавено дека Александар Волкановски треба да го брани шампионскиот појас на 27 март против Брајан Ортега.
Good fight @BlessedMMA but you ain’t pulling those numbers when I’m in front of you!! pic.twitter.com/k8h4O54PQ4
— Alex Volkanovski (@alexvolkanovski) January 17, 2021