Волкановски: Конор Мек Грегор е во најдобрите во историјата на УФЦ

Александар Волкановски откри кои се тројцата најдобри борци во историјата на УФЦ.

Шампионот на УФЦ во перолесна категорија го стави Конор Мек Грегор во првите три. Алекс ги додаде Израел Адесања, како и Жорж Сен-Пјер. Ова е прилично изненадувачки, бидејќи на списокот на Волкановски не се најдоа Џон Џонс, Стипе Миочиќ, Хабиб Нурмагомедов и многу други имиња.

Викендов Александар се враќа во кафезот за да ја одбрани титулата. Тој ќе го предводи УФЦ 273 на Флорида. Неговиот противник е Чан Сунг Јунг, познат како „Корејското зомби“.

„Секако дека Мек Грегор треба да биде на списокот. Понекогаш прави глупости, но поради достигнувањата во спортот останува пример. Конор има големо наследство. Заработи многу пари и се уште останува успешен. Мек Грегор не треба да продолжи да се бори, но останува во игра.

Секој би сакал такви резултати. Би го истакнал и Жорж Сен Пјер. Тој секогаш остана верен на своите принципи. Има огромно наследство. Би го додал и Израел Адесања. Уште пред да се приклучи на УФЦ постојано зборуваше за наследството што сака да го остави зад себе.

Израел предвидува како ќе се развива неговата кариера. Покрај тоа, тој е голем човек и примерен семеен човек“, изјави Волкановски во интервју за Man of Many.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО