Волкановски ја прогнозираше борбата меѓу Џонс и Гане

Австралиско-македонскиот ММА борец, актуелниот шампион во перо категорија на УФЦ, Александар Волкановски ги истакна очекувањата за борбата за титулата во тешка категорија меѓу Џон Џонс и Сирил Гане.

„Кога станува збор за работата на далечина и мобилноста на Гане, не знам дали Џонс претходно се соочил со таква висока техника на удари. Тоа е борба во тешка категорија и тоа е многу интересна борба, па дефинитивно ќе ја гледам, едвај чекам.

Иако Џонс по природа е полутешка категорија, неговото борење е на највисоко ниво. Мислам дека ќе ги победи повеќето противници во тешка категорија“, изјави Волкановски за Спорткида.

Џонс ќе се соочи со Гане за испразнетата титула на УФЦ во тешка категорија на 4 март на УФЦ 285.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО