Шест медали за македонските каратисти во У-21 на Кроација Гранд при, злато за Витомир Трајковски

Македонските каратисти во У-21, на досега завршените борби, имаа успешен настап на силниот Меѓународен турнир Карате Гран при Хрватска во Самобор, освојувајќи 6 медали – 1 златен, 3 сребрени и 2 бронзени.

Медалите ги освоија: Витомир Трајковски (-84 кг, Макпетрол) златен, Андреј Ангеловски (-84 кг, Олимпик спорт) сребрен, Сетфан Стојмиров (-67 кг, Ботони) сребрен, Стефан Стојановиќ (+84 кг, Макпетрол) сребрен , Рудина Алиу (-61, Цветан Димов) и Викторија Јовановска (-61 кг, Мапетрол) бронзени.

Трајковски извојува четири победи за златниот медал, а во финалето славеше против Андреј Ангеловски 3-0. Претходно ги победи Сотипос Трагас од Грција 2-0, Антонио Мартиќ (Хрватска) 2-0 и Јакуб Полијак (Словачка) 1-0.

На овогодишното натпреварување пријавени се 1.800 каратисти од 25 земји, од кои 38 се од Македонија од 11 клуба. Клубови кои ќе настапат од нашата земја се: Макпетрол со 10 натпреварувачи, Чоле 3, Цветан Димов 1, Олмпик спорт 9, Кизаме 4, Штип 2, Ускана 1, Ринија 2, Куштрими 2, Фати 2 и Ботони 2.

За многу репрезентации ова е последен тест пред Европското првенство за кадети, јуниори и до 21 година кое на почетокот на февруари се одржува на Кипар.

Резултати У-21:
-84 кг
Витомир Трајковски – Андреј Ангеловски 3-0
Витомир Трајковски – Сотипос Трагас од Грција 2-0
Витомир Трајковски- Антонио Мартиќ (Хрватска) 2-0
Витомир Трајковски – Јакуб Полијак (Словачка) 1-0
Финале
Витомир Трајковски – Андреј Ангеловски 3-0

Андреј Ангеловски – Тимотеј Јордан (Словенија) 7-2
Андреј Ангеловски – Максим Полијаков (Украина) 5-0
Андреј Ангеловски – Доминик Кешелак (Словачка) 3-1
Финале
Андреј Ангеловски – Витомир Трајковски 0-3

-67 кг
Стефан Стојмиров – Роко Думбовиќ (Хрватска) 2-0
Стефан Стојмиров – Кенан Мемишевиќ (БиХ) 2-0
Стефан Стојмиров – Михајло Зрниќ (БиХ) 2-0
Финале
Стефан Стојмиров – Андреј Тврдоњ (Словачка) 0-2

+84 кг
Стефан Стојановиќ – Урош Миркуљевиќ (Словенија) 10-0
Стефан Стојановиќ – Лука Квесиќ (Хравтска) 3-0
Стефан Стојановиќ – Дарио Глухиниќ (Хрватска) 1-1
Финале
Стефан Стојановиќ – Сандро Кресиќ (БиХ) 0-4

-61 кг жени
Рудина Алиу – Сара Бениќ (Хрватска) 6-6
Рудина Алиу – Хана Дебељак (Словенија) 0-3
Репасаж
Рудина Алиу – Марика Цецере (Италија) 4-3
За бронза
Рудина Алиу – Федерика Десте (Италија) 1-0

Викторија Јовановска – Емина Шиповиќ (БиХ) 3-7
Репасаж
Викторија Јовановска – Лаура Лисац (Хрватска) 1-0
За бронза
Викторија Јовановска – Марина Куртеш (БиХ) 8-2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО