Волкановски ја менува тактиката за реваншот со Махачев

Шампионот во граплинг, Крег Џонс, кој е дел од тренерскиот тим на Александар Волкановски, откри дел од тактиката за реваншот со Ислам Махачев.

Тие ќе се соочат на 21 октомври на главниот настан на УФЦ 294. Шампионот во перо категорија беше замена во последен момент за повредениот Чарлс Оливеира.

На овој начин Волкановски го доби долгоочекуваниот реванш откако двајцата во февруари годинава водеа голема борба, која дегестанскиот борец ја доби со едногласна одлука (48–47, 48–47, 49–46), иако омаше спротивни мислења, дека победата му припаднала на Волкановски.

„Пред првата борба, изгубивме многу време работејќи на одбрана од завршница (принуда). Како што се испостави, Ислам не знае што е тоа, тој само виси на своите противници 20 минути. Сега ќе бидеме надвор од негова контрола. Минатиот пат немаше закана за завршници од негова страна. Овој пат ќе ги правиме работите поинаку.

Реков многу глупости пред првата борба, но на крајот сето тоа се покажа вистина. Сите ме критикуваа, но никогаш не разбраа што зборувам. Добив голема омраза по моите коментари, но кога борбата заврши, ми беше убаво да ги прочитам сите тие интернет тролови“, изјави Џонс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО