Махачев: Првата борба со Волкановски ми беше најтешка во животот

Шампионот на УФЦ во лесна категорија Ислам Махачев ја нарече првата борба со Александар Волкановски „најтешката во неговиот живот“.

Тие се соочија во октагонот во февруари годинава, а Дегестанецот победи на поени. Реваншот е закажан за 21 октомври откако шампионот во перо категорија во последен момент го замени повредениот Чарлс Оливеира.

„Го претставувам Дагестан со голема гордост. Пред Хабиб Нурмагомедов, може да се каже дека никој воопшто не знаел за овој регион. Ги инспирирам луѓето од Дагестан следејќи ги моите соништа.

„Првиот пат го повикавме Алекс Волкановски бидејќи беше најдобриот борец на промоцијата. Тој ми ја даде најтешката борба во мојот живот. Некои велат дека тоа беше изедначена борба, сеќавајќи се само на последната минута, но оние што се разбираат во ММА знаат дека победив со едногласна одлука“, рече Махачев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО